• сабота, 23 ноември 2024

Ден на слободата на медумите - македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Ден на слободата на медумите - македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Скопје, 3 мај 2024 (МИА) - Со скок од 19 места и позиционирање на 38-то место, според минатогодишниот извештај на Репортери без граници, но и со плати под просечните, небезбедни услови за работа и случаи на закани и насилство врз новинарите, Северна Македонија денеска го одбележува 3 Мај, Денот на слободата на медиумите.

Дали ќе ја задржи 38 позиција и ќе оди нагоре или надолу ќе покаже новиот извештај, но иако во сите релевантни меѓународни мерења е забележан одреден напредок во медиумската сфера, сепак забелешките и загриженоста циркулираат околу високата корупција и неефикасниот правосуден систем, кои продираат во сите општествени сфери, па така го дестабилизираат и амбиентот на целокупното функционирање на медиумите.

Репортери без граници лани ја рангираше земјава на 38 позиција од вкупно 180 земји во светот според Глобалниот индекс за слободата на медиумите и таа стана најдобро позиционирана во регионот на Западен Балкан, пред Црна Гора (39), Хрватска (42), Косово (56), Босна и Херцеговина (64) и Србија (91) и Албанија (96). 

Но сепак „Репортери без граници“ забележа дека иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостигот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Беше потенцирано и дека продолжува и тенденцијата владините функционери да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите.

Албанија е на 96. место, а потоа следат Босна и Херцеговина (64), Косово (56), Црна Гора (39) и Северна Македонија (38). Хрватска е 42-ра по редослед на листата.

Во однос на политичкиот контекст Репортери без граници лани напомена дека целокупната средина останува поволна за слободата на медиумите и дозволува критичко известување, иако транспарентноста на институциите е прилично слаба. Поради силната политичка поларизација, забележува Репортери брз граници, медиумите можат да бидат подложени на притисок од страна на властите, политичарите и бизнисмените. Во извештајот беше наведено и двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создале паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание, а оценија дека јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност.

Стејт департментот, пак во Извештајот за состојбата за човековите права за 2023 година нотираше ограничена слобода на изразувањето за Северна Македонија, која била поткопана од неефикасноста на правосудниот систем, недостиг на транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции, несоодветното однесување во име на јавните службеници во нивната интеракција со новинарите, притисокот врз новинарите кои истражуваат корупција, дезинформациите, говорот на омраза во онлајн и социјалните медиуми и самоцензура.

Извештајот на Стејт департментот се осврна и на законската регулатива која може да ја влоши медиумската корупција, односно стравувањата на новинарските здруженија во врска со измените со кои се враќаат државните кампањи во медиумите.

Европската комисија, пак во последниот извештај за напредокот на земјава, оцени дека таа се наоѓа меѓу одредено и умерено ниво на подготвеност во однос на слободата на изразување. 

Општо гледано, има направено ограничен напредок, општиот контекст е погоден за медиумската слобода и дозволува критичко известување од страна на медиумите. Измените во Кривичниот законик и Законот за граѓанска одговорност во однос на клеветата го зголемиле степенот на правна заштита на новинарите. Сепак, забележани се голем број напади, закани и одредено застрашување на новинари, нотира ЕК. 

Европската Унија набрзо ќе организира донаторска конференција со цел да се соберат средства за ублажување на последиците од земјотресот во Драч, Албанија што се случи на 26 ноември минатата г

Се уште важат препораките на Комисијата од минатата година, па така во текот на оваа година Северна Македонија треба да ја ревидира законодавната рамка поврзана со медиумите и истата да се усогласи со европското законодавство и европските стандарди, особено во однос на правилата за конкуренција и државна помош, правата на интелектуална сопственост, што претставува дел од заедничниот пазар на ЕУ, да го засили спроведувањето на стратегијата за реформа на јавниот радиодифузер и да се финализираат назначувањата во Програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис и Советот на медиумскиот регулатор, како и да се продолжи со итно адресирање на сите закани и чинови на насилство против новинари и да се овозможи сите сторители да се доведат пред лицето на правдата.

Седумдесет проценти од медимските работници во земјава со потпросечни плати

Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски вчера на прес-конференција истакна дека новинарите се соочуваат со многу проблеми, но дека со сплотеност и храброст може да се надминат.

-Го одбележуваме 3 мај Светскиот ден на слободата на медиумите, меѓутоа секогаш кога зборуваме за слободата се присетуваме на овој ден што јас неволно сакам да констатирам дека е премалку во еден ден да се собереме и пожалиме. Затоа денеска оттука треба да испратиме неколку пораки, а тоа е поврзувано со слободата на медиумите, слободата на изразување и правото на слобода на говор, рече Беловски.

Изјави на претседателот на ССНМ Павле Беловски, извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје Сузана Тунева Пауновска по повод крводарителската акци

Нагласи дека кога се зборува за слободата на говор не треба да се заборави дека слободата на медиумите се темели на здраво работно место и слобода на изразување.

-Оттука треба да си го поставиме прашањето дали ние работиме во такви услови? За да одговориме на ова прашање треба да констатираме дека 70 проценти од вработените или над 2 000 медиумски работници се со плати под просекот во државата и ист толкав број сакаат да ја напуштат оваа професија, порача Беловски.

Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Макеоднија (ЗНМ) порача дека новинарите се уште работат во небезбедни услови и се предмет на заплашување и насилство.

-3 Мај служи како потсетник за ризиците со кои се соочуваат новинарите во потрагата по вистината во име на граѓаните. Слободата на медиумите е многу често поврзана со правото на пристап на информации, а овој ден се залага за слободата на информациите како основно човеково право клучно за информирано општество и за носење одлуки за функционирањето на една демократија. Мали чекори во подобрувањето не се секогаш доволни и може да се направи многу повеќе посебно во период како изборниот во кој се наоѓа нашата земја, рече Секуловски.

Слободните медуми клуч за демократијата, особено во момент кога во светот се одржуваат избори во 40 земји

Светскиот ден за слобода на медиумите е воспоставен од Генералното Собрание на ОН со цел да се зголеми свеста за значењето на слободата на медиумите и да се потсетат владите на нивната должност да ја почитуваат и да го поттикнуваат слободното изразување. 

По правило најслободни се медиумите во нордиските земји, па така во минатогодишниот извештај на Репортери без граници, најдобро рангирани беа Норвешка, Данска, Шведска, Ирска, Финска, додека некои од азиските земји се на дното на скалата. Лани тоа беа Туркмениста, Иран, Виетнам, Кина и Северна Кореја.

А слободните медиуми се особено важни во изборните процеси и зацврстување на демократијата во светот, а оваа година освен кај нас каде се одржуваат двојни избори и претседателски и парламентарни, избори се одржаа или ќе се одржат во околу 40 земји во кои живеат повеќе од половина од светското население, а меѓу нив се и изборите за Европскиот парламент (од 6 до 9 јуни) и САД (5 ноември). Повеќе од четири милијарди луѓе од почетокот на годината излегле или ќе излезат на гласање и ќе го одредат патот по кој ќе движат државите во кои живеат. 

Генералната секретарка на Советот на Европа (СЕ), Марија Пејчиновиќ Буриќ вчера во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите ја истакна важноста од заштитата на новинарите, особено во клучната изборна 2024 година, со цел зачувување на демократијата.

Во својот редовен дијалог со Парламентарното собрание на Советот на Европа,  (ПССЕ), генералната секретарка на СЕ, Марија Пејчиновиќ-Буриќ ја истакна виталната важност земјите-членки на СЕ це

-Додека милиони граѓани во Европа и другите континенти гласаат на клучните избори во 2024 година, мора да се потсетиме на критичната улога што ја играат новинарите и квалитетните медиуми во обезбедувањето пристап до плуралистички и веродостојни информации и разновидни мислења и идеи, за да можеме да носиме информирани одлуки за остварување на демократските права, рече Пејчиновиќ Буриќ, соопшти СЕ.

Без разновидни, слободни и независни медиуми и новинари, се додава, „вистинската демократија пропаѓа и може да пропадне“.

-Тие се столб на демократијата и никогаш не треба да заборавиме дека нивната слобода е и наша, се вели во оопштението.

Пејчиновиќ Буриќ изјави дека „слободата на медиумите сè уште е нападната во Европа“, додавајќи дека овие закани вклучуваат незаконска употреба на шпионски софтвер, тужби против новинари, физички напади, заплашување, притворања и рестриктивни закони.

Според неа, за медиумите и новинарите да ја одиграат својата суштинска демократска улога, мора да бидат способни да работат во безбедна средина. ац/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан