• четврток, 26 декември 2024

Ден на младите: Со дигитална технологија до постигнување на целите за одржлив развој

Ден на младите: Со дигитална технологија до постигнување на целите за одржлив развој

Скопје, 12 август 2024

Овогодинешниот Меѓународен ден на младите се слави под темата „Младински дигитални патишта за одржлив развој“, која нагласува дека младите кои користат дигитални алатки можат да придонесат во постигнување на Целите за одржлив развој
(ЦОР).

Ширум светот, младите со нивните стартапи нудат иновативни идеи и влијателни решенија, притоа се пример за тоа како дигиталните технологии можат да ги унапредат ЦОР. Преку проектот ЕУ за економски раст (EU4EG), над 30 стартапи, повеќето предводени од млади претприемачи, добија поддршка да се развијат во одржливи бизниси подготвени за инвестиции. Овие стартапи не само што придонесуваат за економскиот раст во државата, туку и решаваат критични прашања како што се климатските промени, безбедноста на храната и управувањето со ресурсите.

Еден од нив е AviFly, стартап од Ранковце во североисточниот регион на Северна Македонија, основан од Дејан Михајлов (33), Мартин Михајлов (31) и Филип Ковилоски (20), кои се пример за тоа како младите ги револуционизираат традиционалните индустрии како што е земјоделството. Нивниот стартап е специјализиран за прецизно земјоделство со користење на специјализирани дронови и софтвер за откривање болести, како и третман со дронови, се со цел да им помогне на земјоделците да го подобрат управувањето со културите, да ги зголемат приносите и да ги оптимизираат
ресурсите.

„Кај нас просечната возраст на еден земјоделец е 58 години, нивните методи се традиционални, а тоа го отежнува земјоделството и предизвикува значителни загуби. Со дигиталните технологии и вештачката интелигенција, нашите услуги можат да им помогнат да го намалат 80-90% од употребата на вода и за 40% од употребата на пестициди, а притоа зголемување на жетвата. Употребата на дигитални технологии и вештачка интелигенција го прави земјоделството поефикасно и во исто време е попривлечно за младите земјоделци,  споделува Мартин Михајлов, ко-основач на AviFly.

Агротехнологијата, или земјоделската технологија, вклучува употреба на технологија и иновации за подобрување на ефикасноста, продуктивноста и одржливоста на земјоделството, а тоа е од клучно значење за решавање на глобалната безбедност на храната, намалување на влијанието врз животната средина и подобрување на работата на земјоделците.

Важноста на младите во агритехничките иновации дополнително е прикажана од FixiGo. Филип Костадиновски (23) и Горјан Спировски (23), основачи на FixiGo од Тетово, Полошки регион, развија софтвер кој обработува податоци од сензори за почва, кои работата на фотоволтаици, со цел да ја подобри земјоделската ефикасност. Со обезбедување на податоци во реално време за условите на почвата, нивната технологија им овозможува на земјоделците да носат информирани одлуки кои ќе ја подобрат продуктивноста и одржливоста. Моментално своите услуги ги нудат на околу 30 земјоделци, а со поддршка од проектот ќе го подобрат софтверот и ќе се прошират на пазарот.

„Употребата на дигитални технологии е од суштинско значење - и сега и во иднина. Војната во Украина ја истакна ранливоста на земјоделскиот сектор и како глобалните кризи како што се климатските промени може да го загрозат снабдувањето со храна. Затоа, ние веруваме дека инвестициите треба да се насочат кон земјоделството, со фокус
на оптимизирање на процесите и искористување на дигиталната технологија за решавање на проблемот со недостигот на работна сила, а младите мотивирани луѓе можат да направат многу во оваа насока,  истакнува Филип Костадиновски, ко-основач на FixiGo.

Влијанието на дигиталните иновации водени од младите постои и надвор од земјоделството. Досега, проектот EU4EG има доделено грантови во вкупна вредност од 4,15 милиони евра на 20 микро, мали и средни претпријатија во сектори како
рециклирање, агритехнологија и производство. Оваа иницијатива треба да создаде значително влијание, вклучително и отворање на 203 нови работни места (со фокус на младите и жените), значително намалување на емисиите на CO2 и зголемување на прометот на компаниите.

Таков пример е компанијата Митротек од Охрид, Југозападен регион, каде Катерина Сталеска (32) сега го води процесот на производство на скара на пелети со употреба на CNC технологија и роботика. Таа додава: „Дигиталната технологија е клучна во производството за оптимизација на процесите, а со поддршката од проектот, новите машини, софтверот и роботска машина за заварување, можеме да произведуваме скари кои се многу поеколошки, кои емитуваат помалку емисии на CO2 од обичните.”

Младите луѓе се иноваторите, претприемачите и креаторите на промени кои го водат одржливиот развој на Северна Македонија, регионот и ЕУ, користејќи дигитални алатки за справување со предизвици како климатските промени и безбедноста на храната. За нивна мотивација и поттик,, им треба континуирана поддршка преку фер конкуренција,
транспарентни процеси и пристап до ресурси, менторство и инвеститори. Со инвестирање во младите и нивните дигитални иновации, поттикнуваме економски раст, издржливост и одржлив напредок.

Проектот EU4EG е посветен на зајакнување на локалната економска активност и конкурентност во четири клучни региони во Северна Македонија: северо-источен, полошки, југозападен и областа Преспа (Општина Ресен). Со подобрување на пристапот до финансии и напредни деловни услуги, EU4EG ги поддржува стартапите, мирко, мали и средните претпријатија во остварувањето на нивниот потенцијал за раст.

Проектот ЕУ за економски раст (EU4EG) е кофинансиран од ЕУ и германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатска акција (BMWK), имплементиран од GIZ Северна Македонија и научниот парк АРЕА од Трст, Италија.

 

GIZ Северна Македонија 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан