• сабота, 06 декември 2025

Ден без автомобили во Делчево

Ден без автомобили во Делчево

Делчево, 22 септември 2023 (МИА) - Со дефиле на најмалите учесници во сообраќајот во Делчево започнаа активностите за одбелжување на Светскиот ден без автомобили, во рамки на кампањата за „Микромобилност и безбедно учество во сообраќајот“ организирана од страна на Општина Делчево и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот и активно вклучување на основните училишта, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров и ЈЛБ „Илинден“. 

Во рамки на настанот, како што истакна Николина Петровска Мавродиева од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Делчево денеска околу 200 ученици покажаа дека има и друг начин за транспорт за кратки патувања во населените места. 

-Тие денеска возеа на полигон за велосипеди, се тркаа со тротинети и велосипеди, но и преку едукативно катче боеја боенки на тема „Микромобилност“, а цртаа цртежи на тема „Патувам безбедно со тротинет и велосипед“.  Светскиот ден без автомобили се одбележува со цел потикнување на луѓето да се откажат од автомобилите еден ден и за своите патувања да користат алтернативни начини на превоз, како јавен транспорт, велосипед или пешачење.  Секоја година на 22 Септември во светот се одбележува Светскиот ден без автомобили (World car free day) со најразлични активности преку кои се поттикнуваат луѓето да се откажат од автомобилите еден ден и за своите патувања да користат алтернативни начини на превоз, како јавен транспорт, велоа училсипед или пешачење, рече Петровска Мавродиева.

За дел од учесниците велосипедот е корисно превозно средство кое секојдневно го користат за доаѓање на училиште од околните населби каде што живеат. 

-Велосипедот го возам седум години, на почетокот со помошни тркалца, а подоцна и поголем вепосипед, секој ден го користам од населба Звегорска Река до Делчево, со едн збор здраво е да се вози секој ден но да не се преоптеретува, вели ученик во деветолетката Св.Климент Охридски.

Овој ден се одбележува и во рамки на Европската недела на мобилност која е иницирана од страна на Европската комисија и се спроведува како кампања во периодот од 16 до 22 септември секоја година со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и промовирање алтернативни и иновативни решенија за урбан транспорт (намалување на загадувањето и унапредување на квалитетот на живот).

Oваа година темата на Европската недела на мобилност е „Се движиме квалитетно - штедиме енергија“. вс/дма/


Фото: МИА 

 

Остани поврзан