• сабота, 23 ноември 2024

„Денови на филигранство и накит“ – претставување на рачни креации на накит

„Денови на филигранство и накит“ – претставување на рачни креации на накит

Скопје, 4 мај 2023 (МИА) - Од денеска до 7 мај, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје ќе бидат отворени „Денови на филигранство и накит“, четиридневен настан на кој ќе се претстават дури 23 „артизанс“ индивидуалци - уметници.

Филигранот е дел од македонското културно наследство, а уметничките форми накит на овие креативци се спој на традиционалното со модерното.

Идејата е да се оживеат традиционалните културни вредности, преку филигрански накит, по кој е препознатлива нашата земја. 

Најголем дел од креативците изработуваат филигран, како најделикатна и елегатна форма на накит, а ќе се претстават и учесници кои создаваат шарени и весели приказни во форма на накит за стилски сонувачи и храбри луѓе.

Настанот ќе се случува четири денови на приземјето на Скопје Сити Мол и ќе се претстават: Катарина Дода – „KD Jewelry“, Светлана Ивановска – „Арт Студио С“, Кристина Мауровска Темкова – „Студио Кристина“, Елена Поповска -„Мај Прешс“, Марина и Елена Јакшиќ „Ателје Сиена“, Александра Атанасовска – „МОRPHO“, Маја Донева, Миранда Дема – „Coral Jewelry“, Јулијана Илиевска – „Џули Декупаж“, Марта Пејоска, Лада Шоптрајанова Петровска – „Filigree LARGO“, Милица Гавриловска – „Equilibrium.fine.arts“, Елеонора Дулјанова – „Small piece of joy“, Марија Таировска – „Marcy’s handmade“, Емина Амит – „Ателје Месечина“, Ивана Кондратенко – „ARTNOK“, Милена Станковска – „BRUMA“, Татјана Богоевска и Борче Богоевски – „Керакамика“, Данче Наумоска – „КОППЕР АРТ“, Дијана Тодоровски – „Добро ми Стои“, Катерина Јовановска – „Stardust Kejt Rakotvorbi“, Блашка Миева –„Freya Fashion Jewellery” и Ибро Ибраим - „Филигран Ибро“.свс/мд/

 

Остани поврзан