• четврток, 26 декември 2024

Денков: Очекуваме покана од мандатарите за продолжување на преговорите за влада

Денков: Очекуваме покана од мандатарите за продолжување на преговорите за влада

Брисел, 21 март 2024 (МИА) - Чекаме покана од мандатарите за продолжување на преговорите за влада, расположени сме доколку има желба, изјави денеска бугарскиот премиер во оставка Николај Денков во Брисел, каде што пристигна да учествува на дводневната средба на Европскиот совет.

„Треба да се искористат сите можности за преговарање, а за првиот мандат да се гледа како национален. Треба повторно да ја стабилизираме политичката ситуација и повторно да влеземе во процес на преговори што ќе не доведе до позитивен резултат, додаде Денков.

Според него, меѓу европските партнери на Бугарија постои загриженост дека ситуацијата се дестабилизира. „Сега загрижено прашуваат дали ќе можеме да продолжиме. Нашите партнери очекуваат од нас да го стабилизираме политичкиот систем. Нашата бугарска задача е повторно да најдеме стабилно решение“, посочи Денков.

„ГЕРБ-СДС ги прекина преговорите, нека се јават да кажат како понатаму. Подготвени сме и бараме прифатливи опции. Најголемиот проблем денес е што беше нарушена довербата што лично и ја изразив на Марија Габриел“, додаде Денков.

Тој не прецизираше дали гледа можност Габриел да биде премиер и остави работата да се реши со преговори. „Не можам да смислам друго објаснување за тоа што се случи, освен дека Марија Габриел беше под голем притисок од други луѓе и таа се повлече. Ова е проблем“, истакна Денков.

Според него не се исцрпение можностите за постигнување договор. „Цело време работиме да ја спроведеме ротацијата според правилата или, доколку се бараат промени, да бидат прифатени од двете страни. Потребен е обид за спојување на ставовите, а не ултиматуми, рече Николај Денков. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан