• четврток, 26 декември 2024

Денков: Беа потребни години напор за да се оствари отворањето на институтот ИНСАИТ и приемот во европската мрежа ЕЛИС

Денков: Беа потребни години напор за да се оствари отворањето на институтот ИНСАИТ и приемот во европската мрежа ЕЛИС

Софија, 4 септември 2023 - Она што јас сум должен да го кажам како претставник на институциите е дека поминаа години напор за да се случи лани инаугурацијата на институтот, ова прифаќање во европската мрежа, што остана можеби помалку забележано кај нашата јавност. Ова го изјави премиерот Николај Денков во Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии (ИНСАИТ) на свеченото отворање на единицата ЕЛИС во Софија.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. 

„Меѓу многуте скандали, меѓу многуте реални проблеми што ги имаме во Бугарија и кои треба да ги решиме, некако недоволно се рефлектираа системските заложби на неколку влади по ред да го вратат бугарскиот сјај во научната област“, додаде премиерот Денков.

„Без претерување денеска присуствуваме на настан кој е од европско значење“, рече Денков. Тој ја истакна заслугата на домаќините од Институтот ИНСАИТ, како и на професорот Мартин Вечев што решиле дел од својот живот, душа и срце да посветат на постоење светски институт од областа на вештачката интелигенција во Бугарија.

Премиерот потсети дека Бугарија има свои традиции во математиката, во информатиката, во природните науки, во некои општествени и хуманитарни науки, кои датираат многу децении наназад. Имаше период кога ние научниците имавме чувство дека можеби не сме посакувани, можеби треба да заминеме и да бараме друго место во светот, коментира Денков и додаде дека, за среќа, овој тренд е прекинат.

Архитектот и креатор на ИНСАИТ, Мартин Вечев, посочи дека вештачката интелигенција станува се постратешки дел од економијата на цели земји и има потенцијал да ја трансформира економијата во различни индустрии. Речиси и да нема индустрија сега која на некој начин не е засегната од вештачката интелигенција, истакна тој. Според него, во последните години земји како САД и Кина вложиле огромни инвестиции на ова поле и се создале исклучителни технологии.

Вечев даде пример за четботот ChatGPT. Тој рече дека последниве години, по вакви огромни инвестиции од земји надвор од Европа, настанала ситуација кога Европа е во опасност да заостане во една од најстратешките области во светот во моментов - вештачката интелигенција. ЕЛИС е одговорот на Европа на овој предизвик, објасни тој. Според неговите зборови, ЕЛИС е нешто како „Лига на шампиони“ на вештачката интелигенција и секако најпрестижната, најобемната, најстратешката и најважната иницијатива на Европа на ова поле. Вечев истакна дека ова што се случува со прифаќањето на ИНСАИТ, на софискиот универзитет, во мрежата на Бугарија е преседан, бидејќи за првпат научна институција од Источна Европа станува членка на оваа престижна организација.

Ректорот на софискиот универзитет, Анастас Герџиков, истакна дека во последните години, благодарение на членството во ЕУ, но и на националното финансирање, како што е случајот со ИНСАТ, има можност да се набави сериозна опрема и развој на инфраструктурата, а само СУ има над стотина научни проекти.

_________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

 

 

Остани поврзан