• недела, 01 септември 2024

Денковски ФИБА инструктор на финалето од Еврокупот

Денковски ФИБА инструктор на финалето од Еврокупот

Скопје, 5 април 2023 (МИА) - Петар Денковски добива уште едно големо признание во својата сега веќе делегатска интернационална кариера. Имено еден од нашите официјални лица со беџот на Светската кошаркарска организација, ја доби честа, односно улога на ФИБА-инструктор на финалниот натпревар од Еврокупот во женска конкуренција.

 

Натпреварот кој ќе се игра на 12 април во Истанбул, ќе одлучи која од двете екипи финалисти, домаќинот Галатасарај и францускиот Асвел од Вилербан ќе го освои пехарот во ова европско натпреварување.

 

Ова е и највисоката официјална номинација од ФИБА за еден македонски официјален претставник во европските клупски натпреварувања не само во оваа сезона. А во исто време и едно големо признание и за Македонската кошаркарска федерација.

 

Инаку Денковски, како ФИБА-инструктор, ќе ја контролира работата на официјалните лица на оваа средба, односно судиите Паоло Маркес (Португалија), Гизела Гиорги (Норвешка) и Бенџамино Мануел Атард (Италија). зс/

Остани поврзан