• недела, 24 ноември 2024

Денисова: Русија употреби фосфорни бомби во Донбас

Денисова: Русија употреби фосфорни бомби во Донбас
Киев, 13 март 2022 (МИА) - Украинската народна правобранителка Људмила Денисова денеска ја обвини Русија дека употребила забранети фосфорни бомби во синоќешниот напад врз градот Попсана, во Луганск. Таа истакна дека Украина има конкретни докази дека руските сили користат забранета муниција. - Бомбардирањето на цивилен град од страна на руските напаѓачи е воено злосторство и злосторство против човештвото според Римската конвенција, истакна Денисова. ми/

Остани поврзан