• четврток, 19 декември 2024

Денешните пријави за бомби се лажни, утврди МВР по направените проверки на терен

Денешните пријави за бомби се лажни, утврди МВР по направените проверки на терен
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека денешните пријави за бомби се лажни. - Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението од МВР. На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава беше упатена закана за поставена експлозивна направа. Вакви пријави има во изминатиот период во дел од училиштата во главниот град кои по направените проверки е утврдено дека се лажни. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неколкупати досега има изјавено дека имаат сознанија од каде се ипратени мејловите и дека се работи за хибридна закана. бак/са/

Остани поврзан