• среда, 25 декември 2024

Денешниот ден најсвеж во Грција во последните 46 дена

Денешниот ден најсвеж во Грција во последните 46 дена

Атина, 21 август 2024 (МИА) – Со просечна максимална температура од 30,2 степени Целзиусови, денешниот ден во Грција бил најсвеж во последните 46 дена, односно од почетокот на јули, според метеоролошките податоци на Националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што пишува Метео, мрежата на автоматски метеоролошки станици регистрирала значителен пад на температурата во целата земја, а само четири од 496 активни станици измериле температури над 35 степени, „со што беше регистриран најсвежиот ден во последните 46 дена (од 4-5 јули 2024 година)“.

Температура од над 35 степени во 16.30 часот денеска била измерена на три локации на Пелопонез и во Комотини во североисточниот дел на Грција. ср/сд/

Фото: МИА

Остани поврзан