• петок, 27 декември 2024

Дендиас разговарал со Нуланд за ситуацијата во Украина

Дендиас разговарал со Нуланд за ситуацијата во Украина
Атина, 25 февруари 2022 (МИА) – Пред учеството на денешниот вонреден Совет за надворешни прашања на ЕУ, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, за ситуацијата во Украина телефонски разговарал со заменичката - државен секретар на САД  Викторија Нуланд, а остварил и низа средби со странски амбасадори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Како што напиша Дендиас на Твитер, сабајлево свикал и втор состанок на специјалната единица за управување со кризи во Министерството за надворешни работи за помош на грчките граѓани и иселениците во Украина. Состанок за ситуацијата во Украина утрово одржа и комисијата за управување со кризи во Министерството за миграција и азил на Грција каде што биле разгледани сценаријата при евентуални бегалски бранови од Украина, а станало збор и за обезбедување хуманитарна и техничка помош за земјите кои веќе примиле бегалци. ср/паг/

Остани поврзан