• недела, 24 ноември 2024

Дендиас за прислушувањата: Со Мицотакис имаме континуирана соработка која се карактеризира со заемна доверба

Дендиас за прислушувањата: Со Мицотакис имаме континуирана соработка која се карактеризира со заемна доверба
Атина, 14 ноември 2022 (МИА) – Со премиерот имаме континуирана соработка која се карактеризира со меѓусебна доверба, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас од Брисел, додавајќи дека целосно се согласува со уверувањето на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека целосно ќе се расчисти случајот со прислушувањата, јави дописничката на МИА од Атина. Изјавата на Дендиас доаѓа откако дел од медиумите во Грција објавија дека и шефот на дипломатијата бил следен од премиерската палата со помош на софтверот Предатор. Министерот за надворешни работи на Грција пред почетокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Брисел, се осврна на темите кои ќе бидат на агендата на состанокот, но и на случајот со прислушувањата во земјата, актуелна тема во Грција во изминатиот период . -Денеска ќе разговараме за Украина, Западен Балкан и Африка, за централна Африка, прашања од големо значење за ЕУ. Но, би сакал да кажам и дека мојата соработка со премиерот е континуирана соработка која се карактеризира со меѓусебна доверба. Впрочем, тоа даде опипливи резултати на полето на надворешната политика во најтешкиот период. Исто така целосно ме покриваат уверувањето на премиерот дека целосно ќе се расчисти случајот, истакна Дендиас од Брисел. ср/јт/

Остани поврзан