• петок, 27 декември 2024

Дендиас денеска во Хрватска, ќе разговара и за европската перспектива на Западен Балкан

Дендиас денеска во Хрватска, ќе разговара и за европската перспектива на Западен Балкан
Атина, 26 август 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас денеска ќе го посети Загреб, каде ќе учествува на годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и конзули на Хрватска, што се спроведува од 24 до 26 август. Дендиас е поканет од хрватскиот колега Гордан Грлиќ Радман. Како што информираше грчкото Министерство за надворешни работи, тој ќе биде пречекан и од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Пред да заврши посетата, Дендиас ќе има и работна вечера, чиј домаќин ќе биде неговиот хрватски колега. Се очекува разговорите на Дендиас и хрватските официјални лица да се фокусираат на билатералните прашања, руската инвазија врз Украина и на настаните во Источниот Медитеран, како и на соработката на двете земји во рамки на Европската Унија за повеќе прашања, вклучувајќи ја и европската перспектива на Западен Балкан. бд/

Остани поврзан