• сабота, 27 јули 2024

Денвер ја победи Минесота и изедначи во серијата во НБА плејофот

Денвер ја победи Минесота и изедначи во серијата во НБА плејофот

Минесота, 13 мај 2024 (МИА) - Денвер нагетс ноќеска ја победи Минесота тимбервулвс на гостински терен во четвртиот натпревар од второто коло на НБА плејофот со резултат 115:107.

Најефикасен кошаркар на паркетот беше Ентони Едвардс, кој постигна 44 поени, но и тоа не беше доволно Минесота да го избегне поразот.

Кај Нагетс, центарот Никола Јокиќ постигна 35 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 2:2. 

Следниот натпревар ќе се одигра на 15 мај на теренот на Денвер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан