• среда, 25 декември 2024

Демонстрации против екстремната десница во Франција

Демонстрации против екстремната десница во Франција

Париз, 15 јуни 2024 (МИА) - Антирасистичките групи им се приклучија на француските синдикати и на новата левичарска коалиција на протестите денеска во Париз и ширум Франција против растечката националистичка екстремна десница.

Голем број луѓе излегоа и покрај дождливото и ветровито време, носејќи плакати на кои пишуваше „Слобода за сите, еднаквост за светот и братство за сите“, што се однесуваше на француското национално мото. На плакатите пишуваше „Да ги избришеме границите, документите за сите, а не законот за имиграција“, пренесе Бета.

Некои скандираа „Слобода за Палестина, да живее Палестина!“ и носеа палестински шамии.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 21.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени на протестите ширум земјата, а властите очекуваат меѓу 300.000 и 500.000 демонстранти.

Демонстрантите се собираат секој ден во Франција откако антиимиграциската партија Национален митинг на Марин Ле Пен постигна убедлива победа на европските парламентарни избори во неделата, далеку пред умерената про-бизнис коалиција на претседателот Емануел Макрон, што го натера веднаш да го распушти Националното собрание и да распише предвремени избори. во две кола, на 30 јуни и 7 јули.

Мандатот на Макрон трае уште три години и тој ќе ја задржи контролата врз надворешните работи и одбраната без оглед на исходот од француските парламентарни избори. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан