• среда, 18 декември 2024

Демонстранти се судрија со полицијата по нападот во Даблин

Демонстранти се судрија со полицијата по нападот во Даблин

Даблин, 23 ноември 2023 (МИА) - Демонстранти запалија полициски автомобил и два автобуса и се судрија со полицијата вечерва во Даблин, откако по социјални мрежи се појавија непроверени информации дека напаѓачот кој повреди со нож три лица во градот е странски државјанин.

Шефот на полицијата Дру Харис ги осуди „срамните сцени“ во близина на местото на нападот и предупреди да не се шири „дезинформации“. 

Две деца на возраст од 5 и 6 години и маж на возраст од 50 години беа повредени денеска во напад со нож во близина на училиште во центарот на Даблин.  Повредените се хоспитализирани во различни болници низ градот.Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач е уапсен и дека нападот не е извршен од терористички мотиви. зш/

Остани поврзан