• сабота, 23 ноември 2024

Демократско движење: ДУИ стана партнер со Груевски и Мијалков токму во време на владеењето со СДСМ

Демократско движење: ДУИ стана партнер со Груевски и Мијалков токму во време на владеењето со СДСМ

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - Кривичното дело за масовното прислушкување застаре и Мијалков се спаси и од оваа тужба. Сега и официјално ДУИ стана партнер со Груевски и Мијалков токму во време на владеењето со СДСМ. Сите овие заедно, за да го урнат уставниот поредок. ДУИ ги наградува нивните деловни партнери. Во секоја комбинација тие сакаат да излезат добитници: да останат во влада, но и да ги задржат старите пријатели, Груевски и Мијалков, истакна на денешната прес-конференција Хаким Рамадани од партијата Демократско движење.

Додаде дека контрадикциите на актуелната Влада на Северна Македонија немаат крај. Според него, ДУИ и СДСМ сакаат да и се доближат на Европа со оние кои ја оттргнаа од Европа и дека, како што рече, јасно се виде дека одобрувањето на Кривичниот законик е направено за амнестија на кривичните дела на Груевски и Мијалков, две клучни фигури, во чие време на Албанците им се случија многу трагедии.

-Ние неслучајно го поставивме прашањето во кое својство Бујар Османи ја посети Будимпешта и дали се подготвува враќање на Груевски, што секој ден се повеќе се докажува и целата поширока јавност јасно чита дека ДУИ единствениот спас го гледа токму во враќањето на Никола Груевски, изјави Рамадани

Според оваа одлука, Рамадани рече дека граѓаните од својот буџет, од нивните џебови, ќе треба да му платат и отштета на Мијалков за престојот во притвор. сх/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан