• четврток, 26 декември 2024

Демократски сојуз: Честитки до полицијата

Демократски сојуз: Честитки до полицијата
Скопје, 7 мај 2020 Демократскиот сојуз на сите припадници на полицијата и службите за безбедност им го честита 7-Мај, Денот на Полицијата. Во услови на вонредна состојба поради вирусот Ковид 19, полицијата и службите за безбедност извршуваат исклучително сложени задачи за да го заштитат здравјето на граѓаните и да спречат ширење на коронавирусот. Одржувањето на јавниот ред за време на полицискиот час, контрола на изолацијата и самоизолацијата на граѓаните, обезбедување на границата и граничните премени, како и другите безбедносни задачи бара висок степен на посветеност и одговорност од секој припадник на полицијата.Затоа од сите нас ја заслужуваат поддршката и честитките. Честит 7-Мај, Денот на Полицијата. Демократски сојуз ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан