• сабота, 23 ноември 2024

Демократски сојуз: Техничка влада на непринципиелна коалиција

Демократски сојуз: Техничка влада на непринципиелна коалиција

9 декември 2023 

Демократскиот сојуз предупредува на кршење на Охридскиот рамковен договор и на Амандман 6 од Уставот на Македонија, со тоа што ќе се формира техничка влада која дополнително ги суспендира и крши одредбите и начелата на соодветна и правична  застапеност на сите етнички заедници.

Со доминацијата на ДУИ, која има само 13 пратеници од вкупно 120 пратеници, се покажува и потврдува определбата на СДСМ по секоја цена да биде на власт, не водејќи сметка за националните и државни интереси, како и за интересите на мнозинскиот македонски народ.

Сакаме да предупредиме дека ваквата политика нема поддршка од мнозинството граѓани и не поминуваат манипулациите дека тоа е Европски фронт, итн.

Овој преседан кој го наметна Ковачевски има силни рефлексии на меѓуетничките односи, како и на натамошна дуизација и криминализација на државата, неодговорноста и неказнивоста на политичката мафија која владее со Македонија.

Инаку, Демократскиот сојуз е за граѓански концепт и функции да добиваат најспособните, без разлика на етничка, верска или партиска припадност. Тоа треба да важи за сите етнички заедници, без Бадентер и Балансер. Не може овие правила да се злоупотребуваат само во интерес на ДУИ.

Демократскиот сојуз не поддржува формирање на Техничка Влада,а уште помалку со премиер од редовите на ДУИ.

 

Демократски сојуз 

Фото: МИА архива 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан