• четврток, 26 декември 2024

Демократски сојуз: Коренити реформи на изборните правила 

Демократски сојуз: Коренити реформи на изборните правила 
Скопје, 29 јануари 2022 Демократскиот сојуз долго време се залага за намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, како и промена на изборниот модел - Македонија да биде една изборна единица. Овие барања беа главните поенти во нашата изборна програма во неколку изборни циклуси, како и во изборната програма 2020-2024 г. Но, Демократскиот сојуз се залага за коренити реформи на изборните правила, кои подразбираат и менување на системските предности што ги имаат четирите најголеми партии. Тие располагаат со 90 отсто од медиумското време во изборната кампања, како и со најмногу средства од буџетот од кој се финансираат и нивните партиски институти. За менување на овие одредби, Демократскиот сојуз поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на ваквите одредби од Изборниот законик кои ги доведуваат во нерамноправна положба сите други политички партии. Демократскиот сојуз оценува дека е добро тоа што покрај СДСМ, сега и ВМРО-ДПМНЕ се залага за демократизација на изборниот процес, за една изборна единица,како и за намалување на бројот на пратеници. Полека се гради консензус околу реформа на изборниот процес во целина и очекуваме тоа да се случи со темелни промени на Изборниот законик, за да се обезбедат рамноправни услови и демократски правила за изборен натпревар на сите политички партии. Бараме за измените на Изборниот законик најитно да се закаже расправа во Парламентот и да се донесат промените. Демократски сојуз ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан