• среда, 25 декември 2024

Демократски сојуз: За анархијата треба одговорност

Демократски сојуз: За анархијата треба одговорност

Скопје, 8 јануари 2024

Демократскиот сојуз најостро ги осудува обидите на власта да ја релативизира одговорноста за упадот во Контролната кула за летање на Аеродромот во Петровец.

Да се тврди дека со упадот и насилството на осуммина бандити на ДУИ во Кулата за контрола на летање не се загрозува воздушниот сообракај е театар на апсурдот, бидејќи аргументиран и издржан став презентираа и експертите. Но, не треба да бидеш експерт за да знаеш дека со неовластен упад и насилство спрема контролорите за летање директно е загрозен авиосообраќајот. Само среќата спасила можна катастрофа.

Сакаме посебно да укажеме на причините за „бегството“ на еден од тепаните, кој бил под силен притисок и закани да не дава изјава пред Јавниот обвинител.

Да потсетиме на идентичен случај во 2010 година, кога Беким Незири претепал контролор на летање, потоа го избркале  и него и неговата сопруга од работа, по што тој избегал во една од скандинавските земји.

Затоа Владата мораше да ги разреши директорите на М-НАВ, Беким Незири да биде суспендиран од работното место во М-НАВ, а Судот на сите осуммина да  им определи притвор.

Но ништо од тоа, на дело се партиските влијанија, партиските раководства во МВР, ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И СУДОТ, кои на смислен начин го опструираат целиот криминален настан.

Партиската блокада на институциите води кон анархија, криминал и дестабилизација на државата.

Одговорност мора да има за сите кои ги кршат законите, или сега или после изборите по промената на власта.

Демократски сојуз

______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан