• среда, 25 декември 2024

Демократски сојуз: Да се продолжи важноста на личните документи

Демократски сојуз: Да се продолжи важноста на личните документи

Скопје, 12 февруари 2024

Демократскиот сојуз предлага преку измена на законите (Закон за лична карта, Закон за патни исправи и Закон за основите на безбедност на патниот сообраќај) да се продолжи рокот на важноста на личните документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), како и сообраќајните дозволи, сѐ со цел да не се блокира нормалното одвивање на животот на граѓаните и функционирањето на институциите.
Во оваа насока предлагаме: личните карти да можат непречено да се користат до определениот рок на важност, нашите државјани кои се во странство патните исправи во странство да можат да ги користат до денот на важноста и да можат слободно со нив да се вратат во Македонија, како и возачките дозволи да можат да се користат во Македонија до денот на важноста.

Исто така и сообраќајните дозволи да можат во Македонија да се користат до денот на важноста, доколку не е направена промена.

Воедно, препорачуваме граѓаните кои патуваат во странство да можат да извадат меѓународна возачка дозвола и истата да ја користат при патување во странство.

Доколку Владата не ги прифаќа измените на овие закони што ги предлага министерот за внатрешни работи, тие можат да бидат предложени од пратеници.

За овој невиден хаос мора да има одговорност од неговите креатори, посебно од Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Оливер Спасовски.

 

Демократски сојуз

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан