• вторник, 24 декември 2024

Демократските сили на Ромите им го честита 8-ми април на сите Роми

Демократските сили на Ромите им го честита 8-ми април на сите Роми
Скопје, 7 април 2021 8-ми април е Меѓународен ден на Ромите кој се одбележува низ целиот свет. Оваа година се одбележува јубилеј од 50 години од одржувањето на првиот Светски Конгрес кој се одржа во Лондон во 1971 година. Овој Конгрес има историско значење за Ромскиот народ затоа што беа донесени историски и важни одлуки кои се однесуваат за сите Роми низ целиот свет и ги постави темелите за современ развој, унапредување и решавање на сите ромски прашања. Исто така овој конгрес претставува појдовна основа за инклузија на Ромите во сите сфери на општественото живеење во сите земји каде што живеат. Од одлуките кои биле донесени на Првиот Конгрес на Ромите како најважни ги одвојуваме: - Утврдено е потеклото на Ромите, односно научните истражувања го потврдија нивното потеклото дека е од Индија, а тоа истото го потврди и Индиската држава; - Граѓаните од оваа етничка заедница од овој Конгрес се нарекуваат Роми - со тоа се воспоставува националниот идентитет на ромската заедница; - Донесена е одлука за изгледот на знамето, а тоа е сината боја како симбол на небото и ширината на ромскиот дух, на горниот дел од знамето, зелената боја како симбол на тревата и земјата на која престојуваат, на долниот дел од знамето и на средина црвено тркало – како симбол на патувањата на Ромите. - Унифицирање на Ромскиот јазик и употребата на Romani čhib; - Одлука за барање на репарација од страна на Германија за сторениот геноцид врз ромскиот народ во Втората светска војна - Одлука за негување на културата на Ромите и други одлуки. Во Република Македонија, од 2007 година, со поднесување на амандман за дополнување на Законот за празници, од страна на тогашниот пратеник на Демократските сили на Ромите во Собранието на РМ, д-р Шабан Салиу, 8-ми април се одбележува како национален празник на Ромите во Македонија и е прогласен за неработен ден. За жал и денес во 21 век Ромскиот народ се уште се наоѓа на маргините на општеството како најсиромашни и со најголем број на невработени. Голем број Роми се уште живеат во супстандардни живеалишта без основни услови за живот. И покрај Уставните загарантираните права и слободи, предвидените права во домашната законска регулатива , особено Законот за спречување и заштита од дискриминација ,како и во Конвенцијата за човекови права, Ромите повторно остануваат без можноста за остварување на основните права и слободи. И понатаму се не еднакво третирани од општеството, со висок степен на стереотипи и предрасуди во секој сегмент од општественото живеење. Токму поради тоа денес, ние Ромите, 8-ми април го одбележуваме како ден на надеж за целосна интеграција во сите општествени текови и надеж за подобро утре на сите граѓани кои припаѓаат на Ромската заедница. Демократските сили на Ромите, на сите граѓани од Ромската националност, без разлика каде живеат, во било кој дел од државата и во светот, им го честита празникот 8-ми април и им посакуваме пред се добро здравје, многу успех и просперитет. Демократските сили на Ромите __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан