• среда, 18 декември 2024

Демократијата носи резултати - УСАИД собир на маргините на ГС на ОН

Демократијата носи резултати - УСАИД собир на маргините на ГС на ОН

 Вашингтон, 25 септември 2024 (МИА) Американската Агенција за меѓународен развој УСАИД во партнерство со Фондација Форд ќе одржи денеска настан насловен „Демократијата носи резултати“.
Настанот е се одржува на маргините на ГС на ОН во Њујорк и на него ќе се објават новите заложби за зајакнување на демократиите на глобално ниво.
Директорката на УСАИД, Саманта Пауер ќе ги пречека претседателите на држави и лидерите на делегации, вклучувајќи ги претставниците од Ерменија, Гватемала и Молдавија, како и билатералните донаторски партнери како Канада, Данска, Естонија, Европската Унија, Финска, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија, се вели во денешното соопштение од Стејт департментот.
Се дознава дека на собирот, владата на САД, билатералните донатори и фондациите ќе објават нови заложби за зајакнување на демократските отварања на глобално ниво.
-Настанот ќе ја покаже колективната моќ на играчите од мултилатералната заедница на дејствување, посветена на обнова и отпорност на демократијата низ целиот свет. кб/

Остани поврзан