• петок, 20 декември 2024

Демократите од Њу Хемпшир одржуваат примарни избори – без главниот кандидат, претседателот Џо Бајден

Демократите од Њу Хемпшир одржуваат примарни избори – без главниот кандидат, претседателот Џо Бајден

Вашингтон, 23 јануари 2023 (МИА) - Во Њу Хемпшир се одржуваат првите примарни избори во земјата на кои гласаат демократи и републиканци. Но на демократското гласачко ливче го нема името на претседателот Џо Бајден. Наместо тоа гласачите избираат од имињата на 21 негов противкандидат, но има и празно место да напишат име.

Победата на некој од тие 21 кандидат, најпроминентно е името на конгресменот Дин Филипс од Минесота, нема да значи свртување од посакуваниот курс на електорите да го номинираат Бајден за демократски претседателски кандидат.

Демократската национална конвенција (ДНЦ) отстапи од традицијата и ја исфрли Њу Хемпшир како прва сојузна држава за примарни демократски избори. Оваа година тие ќе бидат организирани во Јужна Каролина, закажани се за на 3 февруари. По ова прашање со создаде внатрепартиски раскол меѓу локалните демократи од Њу Хемпшир и оние од централата.

Со децении, календарите за избор на претседателски кандидат започнувале во јануари со „какусес“ (партиски собири) во Ајова и со примарното гласање во Њу Хемпшир. Републиканците одат по стариот календар но не и демократите.

Демократската партија го стави настрана Њу Хемпшир и ја избра Јужна Каролина за прва држава за нивните примарни избори бидејќи овде има многу повеќе афроамерикански гласачи отколку во претежно белите Ајова и Њу Хемпшир. А тие традиционално најповеќе гласаат за демократите.

Од ДНЦ изјавија дека партијата сè уште ги цени Њу Хемпшир, како и Ајова, за раното гласање, но дека тие имаат мала локална „ритејл“ политика која ниту од далеку не ја отсликува големата политика во Вашингтон, и дека новиот календар е одраз на различностите во партијата и во земјата.

За демократите, за разлика од републиканците, Њу Хемпшир никогаш не бил индикатор за тоа дека победата на некој кандидат таму значи и добивање на номинацијата. Такво нешто се случило само еднаш во историјата – со Џон Кери, кој потекнува од соседниот Масачусетс.

Поради тоа што демократите од Њу Хемпшир сепак одлучија да одат по традицијата и да распишат примарни избори тие беа казнети и искритикувани од ДНЦ. Казната дојде со повлекувањето на сите 24 демократски делегати од тие избори.

-Примарните таму се безначајни. Претседателските кандидати треба да ги преземат сите потребни чекори и да не учествуваат, соопшти ДНЦ во јануари.

Њу Хемпшир ја обвини ДНЦ за водење кампања за воздржување од гласање. Страстите се разгорија во последните денови пред изборите со телефонските автоматски гласовни пораки во кои лажен глас на Бајден генериран од вештачка интелигенција повикуваше гласачите да не гласаат и да почекаат до ноември.

-Лажно да им се кажува на гласачите на Њу Хемпшир дека изборите овде се безначајни ги нарушува законите на Њу Хемпшир за потиснување на гласачите, се обрати државниот јавен обвинител до ДНЦ неодамна.

Кампањата на Бајден ги следи указите на централата и уште одамна реши да не учествува во овие избори. кб/

Остани поврзан