• четврток, 05 март 2026

Демир Капија со нови мерки ќе им помага на самохрани родители, лица со прв склучен брак и пензионери

Демир Капија со нови мерки ќе им помага на самохрани родители, лица со прв склучен брак и пензионери

Демир Капија, 4 март 2026 (МИА) - Општина Демир Капија најави дека со нови мерки ќе им помага на самохрани родители, лица кои во текот на годината ќе имаат склучено прв брак и пензионери приматели на социјална пензија.

Од општинскиот Совет за социјална заштита денеска информираа дека согласно програмските активности на Општина Демир Капија од областа на социјалната заштита за тековната година, покрај веќе воспоставените мерки и активности се воведуваат и нови мерки што ќе придонесат за социјална сигурност за одредени категории на лица - семејства.

- Нови мерки се еднократна парична помош за еднородителски семејства и семејства на самохрани родители во износ од 10.000 денари, еднократна парична помош за прв склучен брак во 2026 година во износ од 20.000 денари, еднократна парична помош за пензионери приматели на социјална пензија во износ од 6.000 денари, појаснија оттаму. свд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан