• недела, 01 септември 2024

Демир Капија објави конкурс за стипендирање на ученици и студенти

Демир Капија објави конкурс за стипендирање на ученици и студенти

Демир Капија, 21 ноември 2023 (МИА) - Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти при Општина Демир Капија, објави конкурс за стипендирање на ученици и студенти во оваа учебна година. Рокот за поднесување на документите е до 20 декември 2023 година. 

Според конкурсот, ќе бидат доделени три стипендии на ученици од III и IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно за ученици, а се исплатува девет месеци во годината.

Ќе се доделат и три стипендии на редовни студенти запишани на прв циклус студии на државни факултети во Република Северна Македонија, со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 3.000 денари месечно за студенти, а се исплатува девет месеци во годината.свд/фф/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан