• недела, 17 ноември 2024

Демири-Бомгартнер: Франција е голем поддржувач на Северна Македонија во едукација и искуства за зајакнување на здравствениот сектор

Демири-Бомгартнер: Франција е голем поддржувач на Северна Македонија во едукација и искуства за зајакнување на здравствениот сектор

Скопје, 27 февруари 2024 (МИА) - Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири денеска остварил прва официјална средба со амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, на која се дискутирало за актуелните предизвици, за реформите, но и за активностите што е предвидено да се преземат во следниот период во јавното здравство.

Демири, како што соопшти Министерство за здравство, го информирал францускиот амбасадор Бомгартнер за здравствените политики што се имплементираат во здравствениот сектор, а разговарале и за ЕУ перспективата на земјава.

На средбата била истакната традиционалната добра соработка меѓу Северна Македонија и Франција со оглед на големиот број на лекари и професори што се едуцирале во Франција.

-Посебен акцент беше ставен на размената на искуствата помеѓу двете земји, со цел зајакнување на здравствениот сектор, како и зголемување на присуството на Франција не само во Македонија, туку и во сите земји од Западен Балкан, се наведува во соопштението. дма/ац/

Фото:Министерство за здравство

Остани поврзан