• среда, 25 декември 2024

Демарш од Атина до Анкара за француски истражувачки брод

Демарш од Атина до Анкара за француски истражувачки брод
Атина, 21 април 2021 (МИА) – Грчката амбасада во Анкара испратила демарш до турската страна во врска со францускиот истражувачки брод што плови по издадена Навтекс од Грција, објавија грчките медиуми повикувајќи се на дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина. Медиумите во Грција коментираат дека поради францускиот брод, што врши истражувања југоисточно од Крит во морскиот дел од грчко- египетскиот договор, предизвикало тензии меѓу Грција и Турција, а Анкара, веднаш по грчката Навтекс издала анти-Навтекс и испратила фрегата во поширокиот регион. Портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану вчера коментираше дека конкретната навигациска информација (Навтекс) била издадена од Грција, бидејќи конкретниот регион е во грчка надлежност. ср/

Остани поврзан