• вторник, 19 ноември 2024

Демант од Фондот за иновации и технолошки развој

Демант од Фондот за иновации и технолошки развој

Скопје, 22 декември 2023

Врз основа на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ за подобноста на апликантите на јавниот повик на ФИТР: „Воспоставување на Центар за обука за зелени работни места Green Jobs“, го објавуваме следниот демант:

Фондот за иновации и технолошки развој на ден 20.12.2023 година, го објави предизвикот „Воспоставување на Центар за обука за зелени работни места Green Jobs” во партнерство со Youth Actively Create Opportunities, имплементиран од Improving Economies for Stronger Communities (IESC), во партнерство и со соработка со Младинскиот образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемништво и извршен развој (CEED) Hub Скопје, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД). 

Имено, врз основа на член 27 став 2 од Законот за иновациската дејност, согласно донесените „ПРАВИЛA за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата”, како еден од дефинираните критериуми за подобност на апликантите на предизвикот е дека:

„Сите апликанти е потребно да бидат конституирани формалнo, признати и без примедби од соодветните органи на Северна Македонија, како и да бидат во согласност со сите важечки граѓански и фискални прописи”.

Овој критериум кој беше погрешно потолкуван од страна на опозицијата, се однесува на критериумот кој апликантите треба да го исполнат за да бидат подобни за финансирање во рамките на овој предизвик, односно да бидат во согласност со сите важечки законски прописи во Република Северна Македонија.

Целта на предизвикот е да се воспостави Центар за обука за зелени работни места (“Green Jobs Training Hub”), замислен како централен објект посветен на обезбедување сеопфатна обука за развој на вештини за младите во различни сектори, а се поврзани со зелените работни места, како што се Инсталатор на соларни панели, оператор на хидроелектрична постројка, специјалист за биоенергија, техничар за електрични возила (EV) и помеѓу другите и Едукатор за намалување на отпадот.

Воспоставувањето на Центар за обука за зелени работни места (“Green Jobs Training Hub”) ќе понуди единствена можност, истовремено да се решат и актуелните прашања за невработеноста кај младите во Република Северна Македонија и климатските промени. Водени од оваа цел, сакаме да истакнеме дека навистина е жално што опозицијата, наместо да ги мотивира младите да се стекнат со неопходни вештини потребни за „зелени работни меса”, како и посветеноста на државата да одговори на актуелните предизвици за климатски промени, вметнува политика во сфера која е комплетно ослободена од политичките влијанија.

Фонд за иновации и технолошки развој

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан