• среда, 27 ноември 2024

Дел Пјеро може да се кандидира за претседател на Италијанската фудбалска федерација

Дел Пјеро може да се кандидира за претседател на Италијанската фудбалска федерација

Рим, 25 ноември 2024 (МИА) - Поранешниот фудбалер Алесандро Дел Пјеро може да ја номинира својата кандидатура за функцијата претседател на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), пренесува новинарот Николо Шира.

Според Шира, 50-годишниот Италијанец ја проценува можноста да се кандидира за функцијата прв човек на ФИГЦ. 

Дел Пјеро се повлече од игра во 2015 година. Последниот клуб на напаѓачот беше индискиот Делхи Динамос. Како дел од Јувентус, Дел Пјеро стана шесткратен италијански шампион и освојувач на Лигата на шампионите. Заедно со италијанската репрезентација, напаѓачот стана светски шампион во 2006 година.

Изборите за нов претседател се закажани за 3 февруари 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан