• сабота, 27 јули 2024

Дел од патот кон Пониква во прекин, поради полициска вежба

Дел од патот кон Пониква во прекин, поради полициска вежба
Штип, 19 јануари 2021 (МИА) - Сообраќајот на регионалниот пат  Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром“ до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР на Република Северна Македонија, информираат од СВР Штип. СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. вдј/аа/

Остани поврзан