• петок, 27 септември 2024

Дел од општина Центар утре без вода

Дел од општина Центар утре без вода

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Без вода утре од 8:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците  „Петар поп Арсов“, „Теодосие Гологанов“, „Костурски Херои“, „Борка Талевски“, „Христо Смилевски“, „9 Мај“ и „Васил Стефановски“ во општина Центар.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф 80мм на улица „Петар Поп Арсов“ број 53.

Водоснабдување ќе биде прекинато до завршување со работните активности. дма/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан