• сабота, 23 ноември 2024

Дел од Општина Бутел утре без вода

Дел од Општина Бутел утре без вода

Скопје, 3 јануари 2022 (МИА) - Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, утре од девет часот без водоснабдување ќе останат корисници од Општина Бутел, инфомираат вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје.

- Поради дефект на затворач ф-100 мм на улицата „Бутелска“ без број, во близина на расадник Радишани, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица - парните краци број 2, 4 и 6 и непарните од број 1 до 21, појаснуваат од РЦУК.

Според податоците добиени од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со интервенцијата на дефектот. бд/aa/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан