• недела, 06 октомври 2024

Дел од населбата Карпош 3 утре без вода

Дел од населбата Карпош 3 утре без вода

Скопје, 14 септември 2024 (МИА) – Дел од корисниците од улицата „Бледски Договор“, на потегот од улицата „Карпошово Востание“ до булеварот „Илинден“, како и дел од корисниците од улиците „Карпошово Востание“, „Драгиша Мишовиќ“, „Трифун Пановски“ и „Роберт Кох“ и ГОБ „8 Септември“ утре од 8:30 часот ќе имаат прекинато водоснабдување поради замена на два затворачи со пречник од 150 и 200 милиметри на крстосницата на улиците „Бледски Договор“ и „Карпошово Востание“ во населбата Карпош 3. 

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите на  ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје не го санираат дефектот.вј/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан