• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дел од аеродромот во Катанија затворен поради вулканската пепел од Етна

Дел од аеродромот во Катанија затворен поради вулканската пепел од Етна

Катанија, 5 јули 2024 (МИА) - Управата на аеродромот во италијанскиот град Катанија соопшти дека дел од аеродромот денеска ќе биде затворен поради големото количество пепел создадено од активноста на вулканот Етна.

Секторите Б2 и Б3 ќе бидат затворени за сообраќај, се наведува во соопштението, а пренесува италијанската новинска агенција Анса.

Еруптивната активност на Етна заврши утринава, но беше исфрлена голема количина пепел. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан