• недела, 28 јули 2024

Дел од Автокоманда без вода

Дел од Автокоманда без вода

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Без вода денеска од 11:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Александар Македонски“ и улица „Интернационални бригади“. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „Интернационални бригади“.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. мд/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан