• недела, 28 јули 2024

Дел од Автокоманда без вода

Дел од Автокоманда без вода
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Без вода денеска од 9:10 часот се корисниците од улиците „Ташко Караџа“ и „Трифун Хаџијанев“ (висока зона) во Автокоманда. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради внатрешен дефект во Гимназијата „Панче Арсовски“ на ул.„16-та Македонска Бригада“ бр.34 во населбата Автокоманда. По барање на странките од страна на ЈП „Водовод и Канализација“ затворена е водата, а дефектот го санираат самите граѓани.фф/са/

Остани поврзан