• четврток, 26 декември 2024

Делчев Тодев: Со Буџетот за 2021 година повторно не се предвидени средства за изедначување на платите на полициските службеници со административните службеници

Делчев Тодев: Со Буџетот за 2021 година повторно не се предвидени средства за изедначување на платите на полициските службеници со административните службеници
Скопје, 29 ноември 2020 (МИА) - Со Буџетот за 2021 година повторно не се предвидени средства за изедначување на платите на полициските службеници со административните службеници, а полицискиот службеник и понатаму останува под минималната плата доколку се одземат додатоците кои се предвидени со колективниот договор, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Независниот синдикат на полиција Гоце Делчев Тодев. Тој нагласи дека НСП има сериозни забелешки на буџетот за 2021 година во кој повторно се маргинализирани вработените од Министерството. - Иако во целиот регион и пошироко покрај здраствените работници и полициските службеници добија надомест за работа во ковид кризата, кај нас истите се испуштени и не е предвиден ниту минимален надомест кој ќе им оддаде признание за нивната пожртвуваност за време на кризата, потенцираше Делчев Тодев. Тој образложи дека во буџетот повторно не се предвидени значителни средства за набавка на нова опрема за полициските службеници, униформа која не е набавена во целост од 2008 година, панцири, шлемови и оружје кои се користат, а се стари од 30 до 50 години. - Нема предвидено средства за обнова на возниот парк кој согласно подзаконските акти на Министерството не треба да е постар од пет години, а остануваат старите и дотрајани возила во служба надевајќи се на евентуални донации, рече претседателот на НСП. Тој потенцираше дека полицијата е главен безбедносен столб на државата и во неа мора постојано да се инвестира со цел унапредување и реформа што сериозно е потребна. см/ац/

Остани поврзан