• четврток, 26 декември 2024

Делчевските пчелари го одбележаа празникот на заштитникот Св Харалампиј

Делчевските пчелари го одбележаа празникот на заштитникот Св Харалампиј

Делчево, 23 февруари 2024 (МИА) - Пчеларите од делчевскиот регион го одбележаа Св.Харалампиј, заштитникот на пчеларите. Одбележувањето на денот се одржа во организација на здружението „Пијанечка Пчела 2" чиј претседател Јованчо Медарски информираше дека ова е втора година како се одбележува овој празник, а намерата е да прерасне во традиција.

-Сакаме во иднина овој собир  да биде традиционален. Убаво е кога се дружиме, кога разговараме меѓу себе и кога споделуваме сопствени искуства. Сакаме соработката да ја прошириме на пошироко во иднина, преку организирање на предавања како и посети на саеми за пчеларство, онаму каде не сме биле, рече Медарски.

Во рамки на настанот пчеларите кршеа и погача со паричка, а честа да му падне паричката му припадна на пчеларот Љубе Трајановски од Делчево. 

-Имам околу 70 пчелни семејства, произведувам ливадски и шумски мед. Цената е околу 600 денари, сметам дека е добра, рече Трајановски.

Акцент годинава здружението ќе го стави на зголемување на членството со помлади членови, како и одржување предавања со учество на предавачи кои имаат долеми познавања од пчеларството.

-Едно такво предавање имаме во понеделник (26 февруари 2024) на тема која многу ги тишти пчеларите, тоа е болеста кај пчелите со акцент на ,,празна кошница". Улогата на предавач на настанот ќе ја има проф  д-р Младен Млаѓан, човек кој има исклучиво познавање на болестите кај пчелите до детали. Очекуваме поголемо присуство од денешното, на овој настан за кој поддршка имаме од градоначалникот на Општина Делчево, додаде Медарски.

Пчеларите од делчевскиот регион оценуваат дека минатата година била добра. Задоволни се од приносот, а тоа го очекуваат и оваа година. вс/мч/

фото: МИА

Остани поврзан