• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Делчевската гимназија одбележа 101 година од раѓањето на патронот Методи Митевски Брицо

Делчевската гимназија одбележа 101 година од раѓањето на патронот Методи Митевски Брицо

Делчево, 15 април 2025 (МИА) - Средното општинско училиште денеска одбележа 101 година од раѓањето на својот патрон Методи Митевски Брицо и 64 години постоење на установата. По тој повод беше организирана Свечена програма со настап на училишниот хор кој се претстави со повеќе музички точки, а беше одржана и модна ревија со креации подготвени од ученици од текстилната струка.

Присутните ги поздрави директорката на училиштето Дијана Цонева, која рече дека денешниот ден е потсетник дека знаењето преку воспитувањето е најважна инвестиција и дека заедништвото, посветеноста и соработката се темели врз кои се гради училиштето. 

Упати благодарност до наставниот кадар и вработените кои секојдневно се вложуваат во себе и воспитно образовниот процес, како и до учениците, родителите, локалната самоуправа и сите соработници.

-Во овие бурни времиња со својот труд докажавме дека образованието е најмоќното оружје со кое може да се промени светот. Заеднички ја градиме нашата визија за модерно училиште во кое учениците и нивната визија се во центарот. 64 години псототење е сериозна бројка во која младоста и искуството се обединуваат, а продуктивноста е на највисоко ниво. Горди сме на постигнувањата на ученциите како и на професиоанлноста и посветеноста на наставниот кадар кој е срцето на училиштето, рече Цонева.

Во рамки на настанот беа доделени и нгарадите за трите најуспешни творби во рамки на литературниот конкурс распишан во чест на патронот на училиштето, награди кои им припаднаа на ученичките Ана Ангеловска, Ева Ивановска и Сара Ангелова.

Настанот започна со положување цвеќе пред бистата на патронот во дворот на училиштето каде се поклонија градоначалникот Горан Трајковски заедно со претставници на Општината, вработени во гимназијата, вработени во каменичката гимназија „Миле Јаневски Џингар“ , како и претставници на делчевските општински основни училишта. вс/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан