• понеделник, 29 јули 2024

Делчево се подготвува за традиционалната Велигденска изложба на творби

Делчево се подготвува за традиционалната Велигденска изложба на творби

Делчево, 8 април 2023 (МИА) - Делчево се подготвува за традиционалната Велигденска изложба на творби која наредниот четврток ќе се одржи на платото пред Спомен дом АСНОМ. Во рамките на манифестацијата ќе се одржи традиционална велигденска изложба на јајца, ликовна изложба на дела од ученици од локалните училишта на тема Велигден, како и други креации поврзани со празникот.

-И оваа година, очекуваме учесниците да ги водат креациите во аранжирањето на штандовите. Бидејќи на Велики четврток по традиција останало да се вапцуваат велигденските јајца, ова е одлична прилика да ја покажат нивната умешност на дело, но и да бидат хумани, затоа што собраните приходи ќе бидат наменети во хумани цели, истакнаа од Општина Делчево.
 
Прославата по повод големиот христијански празник Велигден, традиционално како што додадоа се организира во соработка со образовните институции во Општината, детската градинка „Весели цветови“ и здруженија на граѓани и локални институции.  
 
-За најдобрите творби, Општината обезбедува парични награди. За првонаградената творба износот е 3.000 денари, второнаградената ќе освои 2.000 денари, а третата награда е во износ од 1.000 денари.  Пријавување на заинтересираните за учество на настанот во Општина Делчево (контакт: тел 033/411-550, email info@delcevo.gov.mk, додадоа од Општина Делчево.
 
Велигденската изложба на творби во Делчево ќе се одржи во четврток (13.04.2023) со почеток во 12.00 часот. вс/аа/
 
Фото: МИА

Остани поврзан