• сабота, 27 јули 2024

Делчево Вардар домаќин на завршниот ракометен турнир во женска кадетска конкуренција

Делчево Вардар домаќин на завршниот ракометен турнир во женска кадетска конкуренција

Делчево, 28 мај 2023 (МИА) - Делчево Вардар денеска е домаќин на завршниот ракометен турнир во женска кадетска конкуренција.  На турнирот кој се игра во салата „Методи Митевски Брицо“ во Делчево се среќаваат најдобрите четири екипи во досегашниот дел од првенството.

-На турнирот учествуваат четири екипи, во првиот натпревар играат Ѓорче Петров и Скопје, додека во вториот дуел ние како домашна екипа играме со Стружанка, информираше Горан Велков, тренер на домашниот тим.

Победниците од полуфиналните борби од 17:30 часот ќе го играат мечот за третото место, додека натпреварот за титулата е закажан за 19:30 часот. вс/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан