• четврток, 26 декември 2024

Делотворноста и благотворноста на ананасот

Делотворноста и благотворноста на ананасот
Лос Анџелес, 28 април 2022 (МИА) - Ананасот како тропско овошје може да се јаде свеж или замрзнат, а корисен е оти има малку маснотии и е богат со витамини, минерали, влакна, вода и антиоксиданси. - Бидејќи ова овошје содржи јаглехидрати и природни шеќери, многумина се загрижени и се плашат да го јадат. Но, не е дека јадете премногу овошје ако го јадете во неговиот првичен облик. Вклучувањето на ананасот во вашата исхрана е одличен начин за подобрување на целокупното здравје, изјави нутриционистката Сара Рувен за „Ит дис“ (Eat This). Една од битните придобивки од ова тропско овошје е улогата во варењето на храната. Имено, ананасот содржи ензим наречен бромелаин, којшто благотворно влијае на гастроинтестиналниот систем. - Влакната и бромелаинот кои се наоѓаат во ананасот делуваат заеднички и го унапредуваат здравото функционирање на системот за варење. Влакната помагаат да почне варењето, додека бромелаинот може да помогне да се намали секое воспаление во внатрешноста на желудникот, вели д-р Ејми Шапиро. Освен тоа, бромелаинот не само што го намалува воспалението, туку може и да ја намали болката поврзана со хронични воспалителни состојби како што е ревматоидниот артритис. Во научен труд од 2004 година објавена во сп. „Клиничка ревматологија“, пациентите со артритис кои земале хранлив додаток со бромелаин пројавиле помалку болка по шест недели во споредба со групата која земала лекови против болки. Редовното јадење ананас може да го подобри и човековото расположение бидејќи содржи триптофан, којшто се користи во лачењето серотонин. Нивото серотонин, особено кога е премногу ниско, игра улога во многу нарушувања на менталното здравје, вклучувајќи депресија и анксиозност. Суровиот ананас е богат со манган. Овој минерал може да помогне во спречувањето на губење на коскената маса кај пациенти со остеопороза. Дополнително, манганот може да ја намали болката кај пациенти со остеоартритис во спој со други додатоци. Труд објавен во сп. „Остеоартритис“ покажува подобрување на симптомите кај пациенти кои примаат комбинација на глукозамин, хондроитин и манган во споредба со плацебо групата. Испитувањата кај луѓе и животни покажаа дека локалната примена на бромелаин може да биде корисна и во процесот на заздравување на изгорениците. - Ананасот ги задоволува вашите дневни потреби за витамин Ц. Една чаша исцеден ананас обезбедува 131 отсто од вашите потреби, вели Шапиро. Витаминот Ц ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем, а исто така може да му помогне на телото да лачи повеќе колаген - протеин делотворен за еластичноста на вашата кожа, зглобови и мускули. Ананасот содржи и големи количини на антиоксиданси познати како флавоноиди. Овие соединенија се поврзани со намалување на влијанието на неколку хронични здравствени состојби, од астма до срцевите заболувања.  си/паг/

Остани поврзан