• сабота, 23 ноември 2024

Дел од општина Центар утре без вода

Дел од општина Центар утре без вода
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека утре, од 09:00 часот, поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улица „Шарски Одред“ 10, без вода ќе бидат дел од корисниците на општина Центар. Прекин на водоснабдување ќе има на улоца „Шарски Одред“, на дел од „Мајка Тереза“, како и дел од улиците „Козара“, „Васил Ѓорѓов“ и „Народен Фронт“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  09:00 часот до завршување со работните активности. ир/са/  

Остани поврзан