• недела, 01 септември 2024

Делови од Студеничани и Чучер Сандево утре без струја

Делови од Студеничани и Чучер Сандево утре без струја

Скопје, 11 август 2024 (МИА) - Корисниците од викенд населбата Јане Сандански кон викенд населба Морани, на потегот од црквата кон населбата Јане Сандански во општина Студеничани утре од 8:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од село Глуво и дел од корисниците кај аеродромот Стенковец во општина Чучер Сандево.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД. вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан