• недела, 24 ноември 2024

Делови од скопските општини Чаир и Центар утре без вода

Делови од скопските општини Чаир и Центар утре без вода
Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Прохор Пчински“, „Јоаким Крчоски“ и „Славеј Планина“ во општина Чаир. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм, на ул.„Прохор Пчински“ бб (кај Албанска Амбасада) во општина Чаир. Исто така, прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат и корисниците од улиците „Стефан Јакимов - Дедов“, „Владимир Полежиновски“ и ТЦ “ Буњаковец во општина Центар, поради дефект на водоводна приклучна цевка, на ул. „Стефан Јакимов - Дедов“ бр.4. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.фф/лв/

Остани поврзан