• среда, 25 декември 2024

Делови од општините Чучер Сандево и Сарај утре без електрична енергија

Делови од општините Чучер Сандево и Сарај утре без електрична енергија

Скопје, 5 март 2023 (МИА) - Делови на Општина Сарај и Општина Чучер Сандево во текот на утрешниот ден, понеделник 06.03.2023, ќе имаат прекин на снабдување со електрична енергија, соопшти Центарот за управување со кризи, по известување на ЕВН.

Додека во Општина Сарај, без електрична енергија ќе останат село Глумово, село Шишево и населба Матка ќе бидат без електрична енергија во периодот од 9 до 15 часот.

Во Општина Чучер Сандево, на Качанички пат, во периодот од 08:30 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на деловните објекти околу казино Кинг, Еуро Бетон Глуво Бразда. сх/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан