• среда, 25 декември 2024

Делови од неколку скопски општини утре без струја

Делови од неколку скопски општини утре без струја
Скопје, 16 септември 2021 (МИА) - Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе  останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК - Скопје. Во периодот од 07:30 до 13:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Ѓорѓи Сугаре“ бр.8, Општина Кисела Вода, а од 08:10 до 15:30 часот корисниците од улиците „Жан Жорес“, „Ордан Поп Јорданов“, „Маџари“, „Петре Филиповски Гарката“, извод за автопат за улично осветлување, Општина Гази Баба. Без струја од 09:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Александров“ (Турска Амбасада), како и дел од улицата „Благоја Давков“, Општина Центар, а од 09:00 до 12:30 часот тие од улицата „Исаија Маџовски“ од број 25 до број 40, Општина Ѓорче Петров.фф/лв/

Остани поврзан