• недела, 06 октомври 2024

Делови од Гази Баба, Карпош и Сопиште без струја

Делови од Гази Баба, Карпош и Сопиште без струја
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) - Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Карпош и Сопиште, соопштуваат од РЦУК - Скопје. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Палмиро Тољати“ од број 12 до број 60 во Сингелиќ, Општина Гази Баба. Од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Даскал Камче“ бр. 1А влез 5, Општина Карпош. Во периодот од 09:00 до 13:00 часот електрична енергија ќе немаат корисниците од местото Падарица, Општина Сопиште. Без струја од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците на улицата „Франц Прешерн“, Општина Карпош. Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од стопанските објекти на „Стил Железо“, „Европа 92“, „Момин поток“, „СИЗ Македонија“, Општина Карпош.фф/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан